Home Супи и чорби Ручек кој ќе го правите постојано…Сите се воодушевени од вкусот…

Ручек кој ќе го правите постојано…Сите се воодушевени од вкусот…

Бело месо со моркови во кремаст сос. Ручек кој ќе го правите одново и одново. Сите се воодушевени од вкусот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г месо (пилешки гради)
600 г моркови
1 главица кромид
2 чешниња лук
околу 700 мл булјон или вода
ловоров лист, сол, црн пипер, магдонос
2 – 3 лажици маслиново масло (путер или сончогледово масло)
250 мл крем за готвење (неутрална течна павлака)

Прилог: ориз, варени компири, тестенини..

ПОСТАПКА:

1.Исечете го месото на ленти, посолете го и запиперете го. Пропржете го (кратко) колку да ја промени бојата и малку да зарумени, па извадете го од тавата и тргнете го настрана.

2.Во тавата на истото масло додајте ги ситно сечканиот кромид и лук. Пропржете го кромидот неколку минути, па додајте сечкани моркови (ситно или на тркалца).

3.Продинстајте кратко па сипете го булјонот или водата, и зачинете по вкус.

4.Гответе додека морковите да омекнат, а потоа додајте го кремот за готвење и испрженото месо. Динстајте кратко (10 минути) додека течноста да стане кремаста.

По потреба зачининете по вкус (кари и лимонов сок). Постапката погледнете ја ОВДЕ.