Уште еден ручек кој можете веднаш да го вметнете во вашето планско мени за оваа седмица. Многу брзо и вкусно. Од идеи никогаш доста, може да се користи и блитва или замрзнат спанаќ.

Потребни состојки:

500 г макарони
500 г спанаќ
1 литар јогурт
300 мл млеко
3-4 јајца
150 мл масло
1,5 лажичка сол
многу малку сув зачин (вегета) но не мора

Постапка:

Тепсијата намастете ја или некој огноотпорен сад. Истресете ги макароните и рамномерно распоредете ги.

Во подлабок сад изматете ги јајцата со жица, па додадете масло, млеко, сол, јогурт и исечкан спанаќ.

Убаво промешајте за да се изедначат состојките, па внимателно излејте ја смесата преку макароните. Малку во тепсијата промешајте за да се направи изедначување.

Покријте со фолија па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени, половина час.

По истекот на времето извадете ја фолијата и вратете ја тепсијата повторно во рерна за да се запече убаво, уште 10-тина минути.

Јадењето е готово кога ќе се фати мала коричка одозгора. Послужете со чаша јогурт или салата. Ова јадење може да се пече и со сувомеснати производи (сечкани колбаси или пршута) или нешто по ваш избор.

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: