Наједноставниот начин да приготвите роловано пилешко месо или роловано пиле е да го приготвите од обезкостени пилешки батаци. Месото од батаците не е суво како белото месо, а има и кожичка кој ќе му даде крцкавост на ролатот и дополнотилно ќе го држи цврст.

Многу е полесно отколку да го обезкостувате целото пиле. Често го приготвувам овој ролат и го препорачувам секогаш кога станува збор за слава или гости по различен повод. Се’ може да се приготви и еден ден порано, а потоа останува само уште печењето во рерна.

Полнењето на ролатот може да биде по ваш вкус, но јас ќе ви наведам како лично го правам тоа, па можеби некому ќе му послужи како инспирација.

Секогаш покрај ролатот ставам и компир и морков за да ја впијат маснотијата и да отуштат свој свкус што ќе го впие ролатот. Така се добива одличен вкус.

Потребни состојки:

10 откостени батаци со карабатак
2 лажици сув зачин
200 г димен врат
200 г кашкавал
1 ред пилешки гради = салама сечкана
1 ред сува печеница
50 мл масло
300 мл вода
Зачини по вкус (црн пипер, магдонос, лук, црн пипер, оригано, босилек, рузмарин…

Постапка:

На поголемо парче алуминиумска фолија наредете ги откостените и малку исчукани батаци. Густо наредете ги 4 парчиња во прв ред вертикално, а во другите два реда хоризонтално по три или како вие можете да ги вклопите.

густо наредени обезкостени батаци

Одозгора наросете зачини (а по желба можете да премачкате со сенф). Одозгора наредете димен врат, па кашкавал, пилешки гради и печеница. Свиткајте убаво подигајќи ја фолијата.

роловано пилешко

Кој има мрежичка нека го стави ролатот во неа и врзете со коноп за печење. Кога ролатот е добро спакуван се става во големиот плех од рерна, околу ролатот се реди сечен компир и морков, печурки или што си сакате, наросете со зачини и прелијте со масло, додадете малку вода и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени.
Ролатот се пече околу 2 часа со две вртења. Печен е кога кожичката ќе добие светлокафеава боја.

роловано пилешко

Ролатот треба да излади ако сакате убаво да се сече и да го наредите на овал, но ако не можете да се воздржите и сакате да го јадете топло, парчињата не се толку репрезентативни но се превкусни.

роловано пилешко