Фото и рецепт: Тинина кујна

Потребни состојки:

4 парчиња пилешко бело месо
Сол по вкус
Црн пипер
Сланина
Шунка
Сенф

Постапка:

Пилешкото месо се зачинува со сол и мелен црн пипер па се толчат со чекан за да се истенчат и издолжат.

Тенките парчиња месо ги редиме едно покрај друго, а краевите малку треба да се преклопуваат.

Врз месото се реди шунка, па се витка во ролат. Потоа ролатот се обвиткува во сланина исечена на ленти.

Целиот ролат ставете го во огноотпорен сад под фолија, да се пече во загреана рерна на 180-190 степени.

Пред крајот на печењето тергнете ја целосно фолијата за да може сланината убаво да се запече.

Меко и вкусно, моја топла препорака.