Потребни состојки:
6-7 шницли
рендан кашкавал
вегета, сол, црн пипер
сечкана сланина или шунка
За похување:
Јајца, брашно и презла
Постапка:
Шницлите добро исчукајте ги, посолете ги и зачинете ги, па оставете ги малку да отстојат за да навлезат зачините.
Во меѓувреме шунката изрендајте ја или сланината тенко исечете ја.
Шницлите развлечете ги една до друга, но по малку да се преклопуваат, така да добиете една поголема “кора”. Спојте ги со чукање. Ако шницлата е голема, тогаш нема потреба од спојување.
Филувајте со ред кашкавал и ред сланина па свиткајте како сарма, со тоа што ќе ги вовлечете краевите за да не истекуваат соковите.
Потоа ролованата шницла прво набрашнете ја, па потоа натопете ја во матено јајце, па на крај во презла (лебни трошки).
Вака приготвената шницла е спремна за пржење.
Во тава загрејте малку повеќе масло па пржете ги шницлите, а повремено превртувајте ги додека рамномерно да заруменат.