Рецепт и видео прилог на Драгана Михајловиќ од каналот “Направи Сама – Идеи за креативци” – Ролнички со сирење – најдобри во светот!
Ако се прашувате зошто ги нареков “најдобри во светот”, тоа е затоа што бев воодушевена како излегоа. Меки се како душа, а и сирењето ми се погоди совршено…
Сè на сè, од срце ви препорачувам да ги пробате овие ролнички со сирење и едвај чекам да ги слушнам вашите коментари. Поздрав на сите!
Потребни состојки: 1 пакување готови кори за пита, 400 г сирење, 100 мл млеко, 40 мл масло, ½ кесичка прашок за печиво, сусам за наросување, 3 јајца. Питата се пече на 200 степени околу 20 минути
Постапка: Изматете едно јајце со маталка, па додадете 100 мл млеко, 40 мл масло и половина кесичка прашок за печиво. Соединете убаво. За фил изматете едно јајце и додадете околу 400 г крем сирење. Изматете да се соедини. Пробајте дали сирењето е доволно солено, а ако не е, посолете го.
Отворете ги корите и премачкјате го првиот лист. Поклопете со втор лист кора, па и него премачкајте го преку целата површина. Преклопете со третиот лист и едната страна нанесете фил. Потоа свиткајте во ролна. Ролатите виткајте ги во намастен плех.
Одозгора премачкјате ги со прелив од едно јајце и 2-3 лажици млеко и 1-2 лажици масло. Со остар нож исечете ги ролничките со големина по ваша желба. Одозгора наросете сусам. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: