Потребни состојки:

2 листа обланди

300 мл млеко

400 г бисквити

150 г путер / маргарин

3 лажици шеќер

100 г чоколадо

Може да се додаде една шака ореви, лешници, кокос или рендана кора од лимон за арома.

Постапка:

Листовите обланда омекнете ги во влажна крпа. За тоа време пригответе го филот.

Сварете го млекото со шеќер, путер и чоколадо.

Искршете ги бисквитите и прелијте ги со врелиот прелив.

Премачкајте со половина фил преку еден лист обланда, добро натапкајте да нема празни простори и свиткајте во ролат.

Истото направете го и со вториот лист обланда.

Оставете да отстои неколку часови, исечете и уживајте во брзиот вкусен колач.