Потребни состојки:
1 путер/маргарин
2 јајца
250 г шеќер
100 г чоколадо за готвење
250 г бисквити
50 г суво грозје
100 г ореви
Сум и лимонова кора по желба
2 кори обланда
Постапка:
Прво ставете ги корите меѓу влажни крпи за да омекнат. Сувото грозје полијте ги со малку рум да омекнат и набубрат.
На пареа растопете еден путер, па матете и додадете две јајца и шеќер.
Кога ќе се растопат путерот, јајцата и шеќерот додадете чоколадо, искршени бисквити на крупно, натопено суво грозје и исечкани ореви.
Мешајте за убаво да се соединат состојките, па на крај додадете лимонов сок и уште рум по желба.
Кога корите се добро омекнати, премачкајте ги со смесата и завиткајте во ролат. Внимавајте да бидат целосно исполните, без воздушни џепови. По желба можете да ставите желе бонбони или чоко бананчиња. Изладете добро, па сечете.