РОЛАТ СО МЕСО, внатре со сирење, јајце и што и да посакате, толку е вкусно што заборавивме на главниот оброк. Вкусен ролат со месо, а во него ставам што и да имам дома. Малку креативност и инспирација ќе ви направат совршен ручек.




Еднаш го правев со сирење, еднаш со спанаќ, а еднаш комбинирано. Имам пробано и со јајце и сите вкусови ни се допаѓаат. Кога ги викнавме пријателите на ручек, цел ролат се изеде како предјасење, а сосем заборавивме на главниот оброк. Оттогаш го правам само исклучиво како ручек.




Во текстот може да проследите 3 рецепти за овој вкусен ролат од месо, а вие одлучете кој ќе го направите, но уште сега ќе ве советувам дека нема да погрешите кој и да го изберете.

I РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 500 г мелено месо по избор, 2 жолчки, 1-2 лажички презла потопена во вода, 2 варени јајца, спанаќ околу 500 г (по вкус), шунка по потреба, фета сирење по вкус, сол, црн пипер..




ПОСТАПКА: Месото се посолува и се зачинува со црн пипр по вкус, па се додава презлата малку потопена во вода и 2 жолчки, па се добро се меша. Смесата се реди на намастена алуминиумска фолија.




Спанаќот добро се мие, па се суши, а потоа ситно се сечка. Потоа го пропржувам во малку масло и постепено додавам млеко, ќе видите по потреба кога е доволно. Одокативно се одредува количината на спанаќ, но не треба да е премногу.




Месото се развлекува на алуминиумска фолија, па се реди шунката, спанаќот, ситно исечкани варени јајца и дробено фета сирење. Се витка во ролат, па се префрла во подмачкан плех. Ролатот се пече на 200 степени, 40-45 минути. Потоа се остава да излади, околу 15-тина минути, па се сече на помали парчиња.




II РЕЦЕПТ. Потребни состојки за месо: 500 г мелено месо, 1 глава црвен кромид (рендан), 1 јајце, 1 лажичка вегета, малку сол, малку црн пипер, 2-3 лажици масло. За фил: 4-5 варени јајца, 200 г сирење гауда или нешто слично по ваш вкус, 5-6 кисели краставички.




ПОСТАПКА: Во месото додајте ги сите потребни состојки, измешајте го со раце, а потоа развлечете го на алуминиумска фолија. Месото треба да има дебелина од околу 1 цм. Сварете ги јајцата, па исечкајте ги на кругови, додајте го сирењето и киселите краставички на коцки и прераспределете ги врз јајцата.




Завиткајте го ролатот, па префрлете го во сад за печење. Потребно е да се пече заедно со алуминиумската фолија, бидејќи игра голема улога во печењето. Ролатот се пече на 200 степени, 40-5 минути.




III РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 1 главица кромид, 2-3 црвени пиперки, 500 г мелено месо, 80-100 г пушена сланина, 1 јајце, 2 лажици ајвар (опционално), 1 лажичка црвен пипер, 1 лажичка лук во гранули, 2 лажици овесни снегулки или презла, сол, црн пипер, сув магдонос, неколку парчиња тенко исечени шунка, неколку парчиња тврдо сирење, малку маслиново масло.




Измијте ги пиперките и печете ги во рерна на 180 степени, во плех обложен со хартија за печење. Префрлете ги во сад и покријте ги со најлонска фолија за полесно да ги излупите. Кога ќе се изладат, излупете ги и исчистете ги од семките.

Кратко пропржете 1 главица ситно сечкан кромид во малку масло. Оставете да се излади. Исечкајте ја сланината на мали коцки. Во сад измешајте го меленото месо, пропржениот кромид, сланината, овесните снегулки или презлата, 1 јајце, 2 лажици ајвар, сол, црн и црвен пипер и сувиот магдонос.

Замесете ја смесата и оставете најмалку 1/2 час да отстои на ладно место. Развлечете ја смесата на парче ал. фолија или хартија за печење. Ставете неколку парчиња шунка исечкана на тенки парчиња по должината на работ. Ставете го сирењето на тенки парчиња над шунката. Ставете ги печените пиперки над сирењето за да изгледа како лента.

Завиткајте го ролатот и префрлете го во плех. Премачкајте го со малку маслиново масло. Од страните на плехот прелијте со вода. Покријте ја тавата со алу. фолија и печете на 180 степени. При крајот, отстранете ја фолијата така што ролатот ќе порумени малку. Почекајте малку да се излади, а потоа послужете го на парчиња. / Coolinarka.com