Рецепт и видео прилог на Златна Кујна: Ролат со јаболка

Лесно можете да го приготвите од неколку состојки кои веќе ги имате дома.

Потребни состојки:

1 кг изрендани јаболка
100 г ореви
100 г суво грозје
и цимет по вкус

За кора:

6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно

Постапка:

Јаболката излупете ги, па изрендајте ги и малку пропржете ги неколку минути колку да испари течноста. Оставете да изладат па додадете цимет и промешајте. Вака издинстаните јаболка зачинети со цимет рамномерно распоредете ги врз плех (голем од рерна) обложен со хартија за печиња. Треба да добиете тенок слој.

За бисквит: Одвојте ги белките и жолчките од 6 јајца. Белките изматете ги со миксер во цврст снег, па додадете една кесичка ванилин шеќер, а шеќерот (6 лажици) додавајте ги постепено и матете додека снегот да стане цврст и сјаен.

Потоа додавајте една по една жолчка и матете. На овој начин нема да ви биде потребен прашок за печиво, а бисквитот ќе биде пенаст. Додадете брашно и промешајте со лажица или шпатула да остане смесата пенлива. Преку слојот од јаболка наросете 100 г суво грозје кое нема потреба претходно да се натопуваат.

Потоа наросете и 100 г крупно сечкани ореви. Преку сето тоа рамномерно излејте ја смесата за бисквитот и израмнете. Малку протресете за да излезе евентуално заробен воздух, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 10-тина минути.

Печениот ролат превртете го врз друго парче хартија исечено со исти димензии, а отстранете ја хартијата на која се печеше (слојот од јаболка да биде одозгора). Веднаш топлата кора свиткајте ја во ролат. Одозгора прелијте го со растопено бело чоколадо и наросете со мелени ореви (или црно) или само наросете го со шеќер во прав. Ролатот изладете го и можете да го послужете. Деталите можете да ги погледнете во видеото: