Денес ќе ви претставам како да направите превкусен ролат со банани, ЖИРАФА РОЛАТ, вели Сандра од каналот РециПеци. Толку е убав и украсен, но и количински излегува доста од него, а се подготвува за многу кратко време.




Смесата се подготвува многу лесно, најпрво се матат јајца, а потоа се додаваат уште брашно, какао, шеќер… Тоа се става на печење, а потоа се подготвува кремот. За еден ролат ќе ви бидат потребни 2 или 3 банани. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 100 мл масло, 3-4 лажици врела вода, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 2 лажици какао, 2 лажици чоколадо во прав, 2 лажици прашок за печиво, 1 ванилин шеќер. ЗА КРЕМОТ: 3 пудинзи од чоколадо, 10 лажици шеќер, 700 мл млеко, 150 г путер, 3 лажици шеќер во прав, 150 г чоколадо за готвење, 2-3 банани.




ПОСТАПКА: Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Жолчките ставете ги во подлабок сад и прво изматете ги нив со миксер додека да станат пенасти и да го зголемат својот волумен. Бидејќи во рецептот се користат 6 јајца, имајте предвид дека при матењето со миксер смесата многу ќе се зголеми.




Пенасто изматете ги белките и со лажица започнете постепено да ги додавате во жолчките додека матите со миксерот. Измешајте ја лесно смесата со жица или обична лажица, па во направа за украсување на торти и колачи додајте 10 лажици од смесата или користете кујнски шприц од најлонска кесичка, пресечен на врвот.




Земете еден голем плех каде што ќе го печете ролатот и обложете го со хартија за печење. Со направата за украсување направете мрежа (погледни видео) како жирафа. Тие шари може да изгледаат само како бели линии кои се надоврзуваат една на друга.




Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени, а потоа испечете ја мрежата само 3 минути. Во меѓувреме во остатокот од смесата додајте какао, чоколадо во прав, маслото, водата, шеќерот, брашното, прашокот за печиво и ванилиниот шеќр, па добро измешајте за смесата добро да се соедини.




Кога мрежата што ја печевте ќе се подигне, додајте ја чоколадната смеса на местата каде што има дупки, оставајќи многу малку од смесата во садот и вратете на печење на истата температура уште 20 минути. Додека бисквитот се пече, направете го кремот:




Во смесата за бисквит додајте ги кесичките пудинг заедно со предвидената количина на шеќер. Убаво измешајте до соединување и додајте го остатокот од млекото. Во зовриеното млеко се додаваат состојките и гответе на умерена температура додека пудингот да се зготви и да ја добие потребната конзистентност.




Кога пудингот ќе се направи додајте го чоколадото за готвење и мешајте додека да се стопи. Пудингот се остава да се олади, покриено со проѕирна фолија за да не фати коричка. Кога бисквитот ќе се испече, треба веднаш да го замотате во ролат со помош на хартијата за печење, па оставете да се олади.




Настрана изматете го путерот кој претходно треба да биде омекнат на собна температура заедно со шеќерот во прав. Оваа смеса соединете ја со кремот од пудинзи а потоа целосно филувајте ја кората од темната страна (мрежата треба да биде однадвор).

Убаво израмнете го кремот, а потоа на едниот крај додајте ги бананите , насечкани на повеќе делови за да се израмнат. Свиткајте го ролатот и ставете да се лади, а потоа пресечете го на посакуваната големина пред да го послужите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.