РОЛАТ СО БАНАНИ И МНОГУ ВКУСЕН КРЕМ…Едноставен и проверено добар рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За крем:
400+200 мл млеко
2 кесички пудинг од ванила (2х40 г)
1 лажица шеќер
150 г путер на собна Т
100 г шеќер во прав
1 кесичка шлаг крем со вкус на ванила

За кора:
8 јајца
8 лажици шеќер во прав
100 г мелени ореви
3 лажици брашно

И уште:
2 кесички шлаг крем со вкус на ванила
250 мл млеко
млечно чоколадо
банани + лимонов сок

ПОСТАПКА:

Оставете да зоврие 400 мл млеко. Измешајте 2 кесички пудинг од ванила, 1 лажица шеќер и 200 мл млеко. Сипете во врелото млеко и варете со непрекинато мешање додека да згусне. Оставете целосно да се олади.

Пенасто изматете ги јајцата со 8 лажици шеќер во прав додека да згуснат, па додајте ги оревите и брашното и соединете. Смесата сипете ја во плех обложен со хартија и печете 15 минути во загреана рерна на 180 степени.

Пенасто изматете го путерот со 100 г шеќер во прав, додајте го оладениот пудинг и прашокот од шлаг кремот и соединете со миксер.

Од оладената кора отстранете ја хартијата и кафеавата коричка, па премачкјате ја со 2/3 од кремот. Бананите натопувајте ги во лимонов сок за да не потемнуваат и наредете ги надолжно од двете страни.

Свиткајте во ролат од двете страни и преврете го, спојките да дојдат од долната страна. Одозгора премачкјате со преостанатиот крем. Изматете шлаг крем со ладно млеко и декорирајте дополнето со растопено млечно чоколадо.

Пред послужување добро изладете. Постапката погледнете ја ОВДЕ: