Ролатот на Лиле кој се прави со чајни колачи, многу потсетува на познатиот омилен ролат „Мачкини очи“, со банани. Овој ролат ги надминува сите вкусови, доколку не сте го пробале, направете го.

Одлично одговара со кафе, лесен е, едноставен и за брзо време е готов. А, во продолжение прочитајте уште еден интересен старински рецепт за познатите „чајни“ колачи без кои нашите мајки не седнуваа да пијат кафе. Еве што ви е потребно за ролатот:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: околу 300 г прстени чајни колачиња, 2 жолчки, 30 г шеќер, 20 г брашно од скроб, 250 мл млеко, 50 г путер, 1 ванилин шеќер, 100 крем за шлаг, 300 мл сварено силно црно кафе, какао во прав за посипување на кифличките.




ПОСТАПКА: Изматете ги жолчките со шеќерот. Додајте го брашното од скроб и малку млеко. Остатокот од млекото сварете го. Постепено се прелива во жолчките, па се вари на тивок оган како пудинг и потоа се трга од рингла и се остава да се олади.




Изматете го путерот со ванилиниот шеќер додека да добиете пенаста смеса. Додајте го пудингот од жолчки и измешајте. Нежно измешајте го шлагот во кремот. Сварете силно црно кафе, изладете го и исцедете го талогот. Ако сакате, користете инстант кафе Нескафе. Одвојте 3 лажици крем за премачкување на ролатот.




Поминувајте ги површински прстените колачиња во кафето (не натопувајте) и наполнете со крем. Ставете ги две едно до друго, па продолжете да ги спојувате со крем додека да се потроши целиот крем, тоа можете да го правите во една правоаголна тава за торти.




Надворешната страна на ролатот премачкајте ја со кремот кој претходно го тргнавте настрана и наросете со какао во прав. Оставете преку ноќ во фрижидер да омекнат бисквитите и да се стегне кремот. /Coolinarka.com. Во продолжение може да го прочитате рецептот за познатите „чајни“ колачи:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЧАЈНИ КОЛАЧИ: 300 г меко брашно, 150 г путер, 2 јајца, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, ½ прашок за печиво, 1 прстофат сол, 1 лажица какао или чоколадо во прав – по желба.




ПОСТАПКА: Во брашното измешајте го прашокот за печиво, додајте сол, шеќер помешан со ванилин шеќер, јајца и на листови исечкан путер, па сето заедно измесете го во меко тесто. При мешањето по потреба додајте брашно или неколку капки вода.




Пред 60 па и повеќе години, тоа вака се правеше. На рачна машина за мелење се ставаше продолжеток за профилирање на кексите. Со оглед на тоа што го сочував калапот и малата машина за мелење од мајка ми, денес јас ги правам овие колачиња на старински начин. Секако, може да ги правите во форми какви сакате.

Едноставно, тестото развлечете го во кора и со модла вадете фигури. Ако го сакате старинскиот изглед, тогаш тестото наполнете го во пластично шише, капачето исечете го внимателно во посакуваната форма, па истиснувајте ги колачињата. Ако сакате двобојни колачиња, поделете го тестото на два дела па во едниот замесете какао или чоколадо во прав.




Тестото го истискате преку машината и колачињата ги сечете слично како што се сечат тулумбите на пример, со посакуваната должина. Ако немате ваква машина за мелење месо со калап, тогаш колачињата истиснувајте ги преку шприц за украсување торти.

Редете ги на плех обложен со хартија и печете во рерна на температура од 175 степени, околу 12 до 15 минути, зависно од дебелината и обликот на колачињата.