РИСИ Е БИСИ (Ориз и грашок)…Нешто помеѓу чорба и рижото…Многу вкусно посно јадење…Рецепт и фото на Татјана Чукиќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
6 лажици масло
300 г смрзнат грашок
1.2 литар зеленчукова супа (може и месна ако не постите)
1 чаша (од 200 мл) ориз
1 лажица маргарин (или путер)
сол, црн пипер, магдонос, соја сос…
ПОСТАПКА:
1.На масло издинстајте ситно сечкан кромид, да застакли и пожолти.
2.Додајте го грашокот и налејте ја супата. Гответе неколку минути, па штом зоврие додајте го оризот, претходно измиен.
3.Намалете го огнот и гответе околу 25 минути.
4.Штом згусне и оризот набабри, а грашокот омекне, јадењето е готово. Зачинете по вкус и додајте лажичка маргарин/путер, посипете ситно сечкан магдонос. По желба накапете малку соја сос.
5.Ако не постите, посипете рендан пармезан или чипс од пржена сланина. Рецепт и фото на Татјана Чукиќ.