Нашата исхрана во најголем дел се состои од јаглени хидрати и масти. Особено после празниците имаме обичај да се прејадуваме, а потоа забораваме да се детоксицираме.
Ако подолг период се исхрануваме без да водиме сметка за нашето здравје, потребно е да направиме пауза, и да му овозможиме на нашиот организам да закрепне и да се ослободи од вишокот масти и токсини.
Рецептот кој ќе го прочитате подолу е исклучително корисен за оваа намена бидејќи делува на две нивоа:
-ги елиминира токсините од телото
-ги согорува маснотиите преку забрзување на метаболизмот.
Потребни состојки:
1 чаша сок од домати
½ лимон – сок
2 лажици рендан ѓумбир
1 чили пиперка
2 стебленца целер
Постапка:
Сите состојки освен целерот ставете ги бо блендер и миксајте додека да се изедначи смесата.
Пијте го овој прекрасен пијалак додека постепено ги грицкате стебленцата целер.
Идеално е да се испијат 3 вакви напитоци дневно, помеѓу оброците.
Ако приготвите поголема количина, складирајте го напитокот во стаклен сад и чувајте го во фрижидер.