Чичок (lat. Artium Lappa) – пишува Мартин Најдовски
Чичок е повеќегодишно растение. Расте покрај водени места, односно покрај реки и езера и сака влажна почва. Расте до половина метар а некогаш и до 1 метар. Цветовите му се виолетови, боцкави и лепливи. Ризомот е дебел.
Лековити делови се цветот, семето, листот и коренот.
Во билкарството чичикот се употребува за лекување на црн дроб односно цироза и замастување на истиот. Бидеќи сите кожни болести се резултат на пореметена функција на црниот дроб, нефилтрираните токсини се исфрлаат на кожата па истите се манифестираат како појава на псоријаза, себореа, розецеа, егзема и друго..
Чичокот успешно ги лекува сите кожни болести и влегува во составот на билковни мешавини за лекување на истите. Чичокот исто така се употребува против реума, гихт и артрит бидејќи помага во исфрлањето на отровите од организмот и исфрлањето на вишокот вода.
Бидејќи потикнува диуреза и помага за исфрлање на токсините може да се користи за слабеење, поттикнува потење па се користи при висока температура. Се користи и при проблеми со желудникот и цел систем за варење.
Помага при бактериски инфекции како и инфекции на бубрезите и мочниот канал.
Маслото добиено од коренот се употребува против опаѓање на косата односно го зацврстува влакното и поттикнува раст.
Листовите можат да се користат како облога кај болки во колената и ревматични места. Чичокот според мене е најдобриот чистач на организмот па обично го препорачувам како билка број 1 за пролетно чистење.
Најмногу се употребува коренот и листот а нешто помалку цветот/семето. Коренот се вади сега во пролет или во септември, и мора да е растението постаро од 2 години.
Рецепти:
-1 супена лажица корен се попарува со 250 мл зовриена вода. Отстојува 20 минути се процедува и се пие по 2 шолји на ден, 30 минути пред јадење. Се пие 2 недели па се прави пауза од 1 недела.
–Со ладна вода: 1 супена лажица корен се прелева со 200 мл ладна вода, отстојува 7-8 часа па се пие по 2 до 3 шолји на ден, 30 минути пред јадење.
–Микс за лекување на црн дроб и кожни болести (псоријаза, розецеа, себореа, егзема)
50 грама коприва
30 грама ајдучка трева
30 грама чичок корен
30 грама лист од глуварче
10 грама пелин
Сите билки заедно се мешаат па 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода па се пие по 2 шолји на ден, 30 минути пред јадење, 1 на гладно и 1 навечер. Се пие 7 дена па се прави пауза од 2 дена и повторно така 7 дена пиење со 2 дена пауза. Може да се пие и за лекување на цироза и замастување на црн дроб.
-За болки во колената и реуматични места: Лист од чичок се толчи малку, колку да пушти од сокот па се става на болното место како облога, па се превива со фолија. Се прави 2-3 пати дневно, најдобро пред спиење и да се спие со облогата.
Поради присуството на алкалоиди не смеат да го пијат деца, бремени и трудници ниту пак да се пие во големи количини и без паузи.
-Мевлем за рани и изгореници: 100 грама корен чичок се пржи во 500 грама свинска маст. Се пржи на тивко додека не потемне коренот односно едно 20-30 минути. Се трга на страна и поклопено стои 24 часа. После 24 часа се загрева, се процедува и се собира во посебни кутивчиња. Се мачка 2 до 3 пати во текот на денот.
Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате Mартин на неговата фан страница Лилма.