За 10-12 порции потребно е:

300 г Брашно за колачи од Жито Лукс,

100 г излупени бадеми

150 г жолт шеќер

250 г моркови

3 јајца

100 мл сончогледово масло

кесичка ванилин шеќер

ПОДГОТОВКА:

Морковите измијте ги, излупете ги, изрендајте ги и добро исцедете. Бадемот сомелете го.

Во длабок сад изматете ги јајцата со шеќер додека да добиете пенеста бела смеса.

Потоа постепено додавајте ги останатите состојки: најпрво измешајте го ренданиот морков и маслото, потоа просеаното брашно за колачи од Жито Лукс, мелениот бадем и ванилиниот шеќер.

Соединете ги сите состојки во кремаста смеса, па истурете во калап (22 см) претходно намастен со путер и поросен со брашно.

Печете во претходно загреана рерна 40 минути на 180 степени.

Послужете кога колачот ќе излади.