Овие ќебапи се исти како од ќебапчилница, а можеби и подобри, затоа што после нив не чувствувате тежина во стомакот и немате мачнини. Месото е сочно, лепињите се душа – вака ги правам со години. Пробајте го рецептот и вие, нема да се покаете.

Потребни состојки за месо:

500 г мелено месо (одберете какво сакате, но најдобро е да биде мешано, да не е ниту премногу масно, ни премногу посно),
5 чешниња лук,
2 лажички сода бикарбона,
сол и малку повеќе црн пипер, по желба,
100 мл газирана вода

Потребни состојки за лепињи:

500 г брашно,
2 лажички шеќер,
2 лажички сол,
1 сув квасец,
100 мл масло,
250 мл млака вода

Постапка: Месото ставете го во машина за мелење, додајте ситно рендан лук или поминат низ преса, сода бикарбона, сол, црн пипер и газирана вода. Сето заедно измешајте го.

Смесата оставете ја во фрижидер да отстои неколку часови, додека лепињите да бидат готови.

Брашното, квасецот, шеќерот и солта промешајте ги. Во водата додајте масло и замесете ги лепињите.

Кога сè ќе се соедини и ќе добиете меко тесто, додајте уште три лажици масло (премачкјате го тестото) и месете го уште 1-2 минути. Оставете на топло да се удвои.

Потоа истресете го на работна површина и поделете го на 4 делови. Секој дел обликувајте го во топче, па со оклагија развлечете го во кора со дебелина од 1 см.

Секоја лепиња ставете ја на чиста крпа и покријте со друга крпа. Оставете да отстои 15-тина минути.

Во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрева на 250 степени а плехот оставете го внатре и тој добро да се загрее.

Рерната и плехот треба да бидат добро загреани. Врз врелиот плех ставајте ги лепињите и печете ги додека да добијат златнокафеава боја. Брзо растат и заруменуваат.

Печените лепињи вадете ги и ставајте ги на салветка, прекријте ги со крпа и оставете ги така да изладат.

Месото извадете го од фрижидер и со помош на шприц истискувајте ги ќебапите, па печете ги во тава на малку масло или грил тава, а ако ги печете во рерна, премачкајте ги одозгора со растопен путер.

Потоа во истата тава долијте половина литар вода, малку сув зачин, оставете малку да вари па тргнете ја од оган.

Друга нелеплива тава ставете ја на оган, загрејте ја добро, додајте малку од зачинетата вода (3-4 лажици), па на така врело ставете лепиња пресечена на половина, додека да ја впие течноста и малку да се запече.

Извадете ја лепињата и повторете ја постапката со останатите лепињи.

Полнете ги лепињите со печените ќебарпи. Ставете доста сечкан кромид и уживајте во вкусот. Навистина се предобри! Coolinarika.com

II РЕЦЕПТ – Оригинален рецепт за ќебапи од рерна – исти како од ќебапчилница (може и да ги замрзнувате). Рецепт и видео презентација на Мои Домашни рецепти – Оригинален рецепт за ќебапи.

Секому добро познатиот мирис и вкус на ќебапи оживејте го и во вашите домови. Никој не може да им одолее на привлечните ќебапи!

Потребни состојки:

1 кг јунешко мелено месо,
2 главици кромид
1 лажичка сув зеленчуков зачин (вегета),
1 лажичка сол,
1 лажичка црн пипер,
1 лажичка сода бикарбона,
1 лажичка буковец (снегулки од лута пиперка),
1 рака свеж магдонос,
80 мл газирана вода,
100 г брашно.

Постапка: Во подлабок сад каде ќе ја замесите смесата ставете го меленото месо. Главиците кромид (со големина на дланка) излупете ги и изрендајте ги и додајте ги во месото.

Зачинете со една лажичка сув зачин, една лажичка сол и една лажичка црн пипер.

Во смесата додајте и една лажичка сода бикарбона, 1 полна лажичка буковец благ, една рака ситно сечкан свеж магдонос. Потоа додајте 80 мл газирана вода и 100 г брашно.

Со рака замесете ги сите состојки со месото, додека да добиете компактна смеса.

Добиената смеса наполнете ја во специјален шприц за правење ќебапи, а доколку немате таква, може да наполните пластично шише и преку отворот да ги истискувате ќебапите со посакувата величина.

Ќебапите сечете ги со ножици и редете ги во плех обложен со хартија. Оставете ги да одморат во фрижидер 40 минути, а можете да ги чувате и во замрзнувач, па по потреба да си вадите и да си печете или пржите откако ќе одморат 1 час.

Највкусни се кога се печени на скара, но во отсуство на истата можете да ги пржите во тава на малку загреано масло.

Ако ги печете во рерна, тогаш само наросете ги со малку масло одозгора и ставете ги во добро загреана рерна на 220 степени околу 15-20 минути. После 10 минути треба да се превртат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.