Копривата веќе започна да никнува насекаде. Ќе ја сретнете на ливадите, околу куќите, покрај реките.

Најдете чисто место, подалеку од сообраќајот и наберете ги врвовите од млада коприва.

Потребни состојки:

1 литар вода
400 г свежи млади листови коприва
7 лимони
800 г интегрален шеќер
5 супени лажици ливадски мед

Постапка:

Листовите од коприва добро измијте ги. Во еден сад ставете вода и пет лимони претходно исечени на парчиња.

Поклопете го садот и оставете вака да отстои 24 часови. Следниот ден добро изгмечете ги сите состојки, па процедете.

Додадете го шеќерот и свежо исцедениот сок од преостанатите два лимони.

Загрејте ја смесата до вриење, намалете го огнот и оставете уште 5 минути да врие со постојано мешање. Ако забележите пена, отстранете ја од површината.

Медот ставете го на крај кога смесата ќе излади. Складирајте во стерилизирани шишиња и чувајте на ладно и темно место.