Во смесата за сарма секогаш додадете малку суво месо, па сармата ќе добие пофин вкус, но сепак треба да внимавате на количината за да не добие пресилен вкус – советува шефот Берислав.
Ако веќе сте одлучиле да ставите суво месо во сармата, задолжително проварете го претходно- советува тој. Но не само поради интензитетот на вкусот на ова јадење, туку и за една друга работа: „Многу е важно киселата зелка пред приготвувањето да ја измиете за да не биде пресилна сармата“. Кога ќе завршите со сите подготовки и ќе издинстате кромид, потребно е сите состојки да ги измешате во една изедначена смеса, па дури потоа виткајте ја сармата.
Земете дел од смесата, обликувајте и ставете врз лист зелка. Месото нежно завиткајте го а краевите пресвиткајте ги навнатре, за да не ситекува смесата. На дното од лонецот, пред да ги наредите сармите, ставете кожа од сланина.
На тој начин ќе спречите сармата да загори – тврди шефот Берисав. После сланината, наредете малку рендана зелка врз која ќе ги редите сармите. Кога ќе ја искористите целата смеса и ќе го наполните лонецот со сарми, одозгора наредете го остатокот од исечканата зелка.
Сармите гответе ги најмалку час и половина. На крај можете да ја запржите сармата со малку брашно и црвена пиперка или со полесна варијанта со пире од домати.
Исто така, можете да ја приготвите и полесната варијатна, а ко немате време за виткање на сармата. Смесата пригответе ја на вообичаен начин, а листовите обложете ги во калап за куглов. Наредете ја смесата и затворете ја сармата – куглов. Печете вообичаено.