Фотографија и рецепт на Снежана Трајковиќ
Оваа проја ја приготвив за мајсторите кои ја прават фасадата на нашата зграда во која живееме, па бидејќи сум на приземје, потребна им е ладна вода за пиење, освежување со кафе и појадок… Ова е двојна доза за проја, ја печев во тавче бр.40 а во продолжение прочитајте кои состојки се потребни за една доза.
Потребни состојки: 4 јајца, ½ шолја масло, ½ шолја јогурт, 1 шолја пченкарно брашно, 1 шолја обично брашно, 1 прашок за печиво, малку сол околу 1 лажичка, сирење по вкус, кој колку сака, околу 200 г за една доза, сусам за наросување одозгора.
Јас користев шолја за кафе од оние браво црвените шолји, но може и поголеми. Постапка: Најпрво се матат јајцата со малку сол, а потоа се додаваат сите останати состојки. Се меша додека да се изедначи смесата и стане компактна. Ако случајно излезе многу густа додадете уште малку јогурт или млеко, но обично излегува перфектна по оваа мерка.
Се додава дробено сирење, се меша убаво и се излева во намастен плех, па се пече во загреана рерна на 220-200 степени околу половина час. Одозгора можете да наросете сусам, а освен сирење можете да додадете и сечкан спанаќ, шунка кашкавал или нешто по важа желба.
ПРОЈА (Фотографија и рецепт на Снежана Трајковиќ)