Вкусен и здрав намаз кој го освои целиот свет, направете го брзо и лесно според овој основен рецепт кој може да го прилагодите според сопствен вкус.
Потребни состојки:
250 г сирова леблебија
2 – 3 лажици тахини (купечки или направете го сами – рецепт)
1 лимон
3 – 4 чешниња лук
5 супени лажици маслиново масло
Сол по вкус
Постапка:
1.Потопете ја леблебијата во вода преку ноќ или неколку часови (подолго од 4 часа)
2.Процедете ја леблебијата, па ставете ја во сад и прекријте ја со вода, па варете додека зрната во целост да омекнат, околу 45 минути.
3.Варената и процедена леблебија ставете ја во блендер, додадете сок од еден лимон, тахини, лук, маслиново масло и сол. Сето заедно добро испасирајте го.
4.Ако сакате помек хумус, додадете малку повеќе од водата во која се вареше леблебијата или малку јогурт.
На оваа основна варијанта за хумус можете да додавате различни зачини како што се: ким, алева пиперка, чили, магдонос и сл.
Приготвениот хумус складирајте го во стаклена тегла и чувајте во фрижидер.