Рецепт за 5 минути! Се топат во уста – вкусни, едноставни колачиња кои ќе ги правите секој ден! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
прстофат сол
8 г ванилин шеќер
60 г шеќер
50 мл масло
2 лажици пченкарен скроб/нишесте/густин
2 лажици цврст јогурт/кисела павлака
1/2 лажичка прашок за печиво
250 г брашно

За фил измешајте:
160 г џем од кајсии
2 лажици кокос

За посипување:
шеќер во прав

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад изматете го јајцето со прстофат сол, ванила и шеќер. Додајте скроб и изматете. Потоа додајте масло, изедначете, па јогурт или кисела павлака и кратко промешајте.

Најпосле додајте прашокот за печиво и брашното (етапно, малку по малку). На почетокот мешајте со лажица, а кога ќе стане комапктно, измесете го со рака.

Треба да биде меко и лесно да се обликува. Развлечете тенка кора и исечете ги краевите за да добиете праволаголник. Поделете го на 4 ленти, а долж секој лента распоредете фил.

Потоа спојувајте ги краевите за да го затворите филот и обликувајте сплоснати ролатчиња. Секој исечете го на 5 дела (или повеќе, ако сакате колачињата да ви бидат помали).

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

Печените колачи оставете ги малку да се подизладат, па посипете ги со шеќер во прав.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Слични, но малку поинакви, со чоколаден крем можете да направите според ОВОЈ рецепт.