За овој рецепт од кој се приготвуваат „палачинки“ велат дека е далеку подобар од попyлаpните колачи наречени „ванилици“. Рецептот ни доаѓа од Романија и сите не воодушеви. Сите ги сакаат палачинките, но никој не сака да стои покрај шпорет и да ги пече, ниту да мие куп садови после тоа.




Ова е еден готвачки трик со чија помош ќе испечете повеќе палачинки истовремено, а нема да извалкате ниту многу садови. Тајната е во тоа што тестото за палачинки се истура во пластично шише, во кое може и директно да се приготви смесата (еден сад помалку за миење).




Потоа треба низ отворот за капачето (или во капачето направете дупка) истурајте еднакви количини врз загреаната нелеплива тава и така испечете повеќе мали палачинки одеднаш. потоа лепете ги по две со џем или лешников крем (нутела, пудинг…), слично на ванилиците, па валкајте ги во сечкани кикирики (ореви, лешници…) и прелијте ги со чоколадо.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 50 г шеќер, 120 г брашно, 1 кесичка ванилин шеќер (7-10 г), 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 100 г џем по избор (може крем, пудинг или намаз по ваш избор), 100 г кикирики (ореви, лешници, бадеми…), растопено чоколадо по избор, околу 20 г




ПОСТАПКА: Во подлабок сад изматете ги јајцата заедно со шеќерот и ванилин шеќерот. Матете со жица-маталка додека шеќерот да се растопи и јајцата да запенат. Во смесата додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво.




Внимателно промешајте со жица-маталка за да остане смесата пенлива. Потоа земете едно чисто пластично шише и со помош на инка претурете ја смесата во него. Затворете го шишето со капак на кој сте направиле дупка, за полесно да ја контролирате количината кога ќе го истурате тестото.




На умерена температура загрејте нелеплива тава за палачинки, па истискувајте мала количина тесто формирајќи круг, како колаче. Во тавата може да се соберат помевеќе вакви мали палачинки, па истискајте онолку колку што собира.




Печете ги од двете страни по неколку минути додека убаво да се загреат. Потоа мачкјате ги џем/крем и спојувајте ги по две како сендвич. Намачкјате малку џем и на страните (како „руските капи“), па валајте ги сечкани кикирики. Одозгора декорирајте ги со топчено чоколадо. Деталите од постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.