Оваа здрава и вкусна намирница е богата со витамини Ц, Б и К, како и минерални соли. Освен што го сакаме речиси во секоја салата, и честопати го додаваме во разни јадења, доматот е многу здрава намирница и природен лек за многу болести.
Покрај тоа, сокот од домати може да го подобри вашето здравје на неколку начини. Ликопенот, кој се наоѓа во доматите, обезбедува заштита од атеросклероза, одредени срцеви заболувања и ја подобрува целокупната состојба на организмот, пишува НМД.мк
Ова се само некои од лековитите својства на сокот од домати: го регулира метаболизмот; ја зајакнува отпорноста и го исфрла вишокот течност од телото; го намалува кр-вниот притисок (ако не го солите);
Потоа, ја подобрува кр-вната слика; го регулира варењето на храната; има позитивен ефект во бор-бата против заболувања на црниот дроб; го штити панкреасот и помага при ревматизам
Научните истражувања исто така покажаа дека сокот од домати спречува тромбоза. Особено кај луѓето со дијабетес тип 2, кои имаат зголемен ризик од формирање на тромби.
Бидејќи овој феномен е најчеста причина за срцеви и мозочни у дари, се препорачува да кон.сумираат сок од домати, но истовремено е потребно да се намали внесувањето на натриум (краставиците на пр.содржам натриум, па не се препорачува дополнително да се солат).
Срцево б олните, од истата причина, треба да консумираат сок од домати, како и поради високата содржина на калиум. Препорака за земање на сок е 200 мл свежо подготвен напиток секој ден.
Како да направите домашен сок од домати:
Старомодниот начин на правење сок од домати е исклучително лесен и нема потреба од соковник. Тоа е едноставен процес со кој ќе добиете тегли со совршено зачуван сок.
Потребно е добро да се измие доматот, а потоа да се отстранат јадрото, коренот кај дршката и сите оштетени места на доматот. Потоа треба да се исече на четвртини и да се стави во тенџере. Вклучете ја ринглата и оставете да се готви 30 минути, или додека доматите да омекнат целосно.
Поминете го низ мелница за храна, сито или цедилка за целосно одвојување на сокот од покрупните парченца домати. Вратете го сокот во шпоретот и додајте ги сите зачини што вие лично сте ги избрале и одговараат на вашиот вкус.
Оставете го сокот да зоврие за да се искомбинираат аромите во сокот и дајте им исклучителна нота. Уживајте со овој вкус, а пред се здрав пијалок. Тој е многу квалитетен. Доматот е една од ретките намирници која станува полековита доколку се готви. Таков е и морковот, на пример.
Исто така, има уште еден важен момент кој треба да се запази за да биде сокот лековит, а тоа е доматите да бидат органски произведени, односно да не се третирани со разни пестициди и други штетни хемикалии.