Пишува: Мартин Најдовски – Сируп за бели дробови
Овој сируп е одличен за искашлување на слуз од белите дробови, добар е за деца, помага многу кај пушачи, ги вади сите токсини од белодробните крила за 1 недела ги чисти.
Се користи и при вирусни или бактериски инфекции.
Потребни состојки:
1 литар вода,
400 грама кромид со лушпа,
на врвот на кафено лажиче сода бикарбона,
400 грама шеќер,
1 лимон,
2 супени лажици куркума и
2 супени лажици ѓумбир корен, изрендан и свеж
Постапка:
Најпрво кромидот се мие добро, мора да биде со лушпа. Се сече само врвот и долниот дел односно мустаќите.
Се става на оган 1 литар вода и се става шеќерот. Штом почне да врие се додава кромидот кој предходно треба да биде исечен на 4 дела, се додава ѓумбирот и куркумата.
Се намалува на тивко, па се додава содата. Штом сирупот дојде до половина, односно 500 мл, се трга на страна и се додава сокот од лимонот.
Стои до изладување. Се префрла во тегла и се чува во фрижидер.
За возрасни се зема 2 до 3 пати по супена лажица, 30 мин пред јадење а за деца по 1 кафено лажиче.
Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.