Оваа облога одлично ги елиминира болките и ја подобрува подвижноста на зглобовите.
Петровиќ Малахов е познатиот руски писател на книги од областа на народна-традиционална медицина. Досега има објавено повеќе од 60 книги кои се продадени во преку милиони промероци, преведени на повеќе странски јазици.
Со своите книги тој сака да ги мотивира луѓето да го запознаат својот организам и да можат сами себеси да се лекуваат. Многу од терапиите кои тој ги препорачува во своите книги, ги применил и врз себе. Следува рецепт кој ги отстранува болките во зглобовите и ја подобрува нивната подвижност.
РЕЦЕПТ
Навечер, пред спиење, направете ја следната облога.
Измешајте еднакви количини од мед, брашно, јаболкова киселина и водка.
Од овие состојки замесете тесто. По потреба, за да биде тестото компактно, може да додадете уште малку брашно, па сето добро спојте го.
Тазвлечете го тестото во облик на погача и ставете ја погачата врз болниот зглоб. Преку погачата фиксирајте проѕирна фолија, па преку неа врзете памучна ткаенина за да не ви падне преку ноќ додека спиете.
Оставете ја облогата да ви делува цела ноќ, а наутро фрлете ја, бидејќи се користи само еднаш.
Облогата одлично ги отстранува болките и ја подобрува подвижноста на зглобовите