ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 чаша (од 200 мл) шеќер, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша брашно, 250 г гриз, 1 прашок за печиво. ЗА СИРУП: 500 г шеќер, 600 мл вода. ЗА УКРАСУВАЊЕ: 2 кесички шлаг од ванила, мелени ореви
ПОСТАПКА: изматете јајца со шеќер, додајте масло, млеко, мелени ореви, гриз, брашно и прашок за печиво. Смесата добро изматете ја и ставете во калап 20х35 см претходно намастен и набрашнет. Печете на 180 степени 30 минути.
За тоа време направете го сирупот. Во еден сад ставете шеќер и вода да врие 2-3 минути од кога ќе проврие. Со топлиот сируп прелијте го печениот колач и оставете да излади.
Изматете шлаг според упатството на кесичката и премачкајте го колачот, па наросете мелени ореви.