Забниот камен претставува тврда структура фиксирана врз забите, која не може да се отстрани сама. Неправилната техника на четкање на забите, води до таложење на забни наслаги. Присуството на плунка во устата води до минерализирање на овие наталожени меки наслаги по забите и создавање на цврсти наслаги (забен камен).
Забниот камен може да се лоцира над непцата на забот (супрагингивално) и тој е видлив со око и под непцата на забот (субгингивално), прилепен за вратот и коренот на забот.
Забниот камен цврсто прилепувајќи се за структурата на забот ја оневозможува правилната хигиена во устата, а дополнително претставува и резервоар на бактериски токсини и нови наслаги. На тој начин доаѓа до надразнување на непцата,кои стануваат црвени и отечени.
Тие почнуваат да кр-вават при четкање на забите или спонтано, односно веќе се развива гингивитис (воспаление на гингивалниот сулкус). Формирањето на камен е поврзано со голем број клинички симптоми, вклучувајќи лош здив, црвени и иритирани непца и хронично воспалена гингива.
Четкањето и чистењето на забите со конец не може да ја отстрани насобраната наслага. Сепак, откако ќе се формира, забниот камен е премногу цврст за да се отстрани со четка за заби.
Доколку се запостави оваа состојба, процесот се продлабочува, се создаваат длабоки пародонтални џебови, во кои се собираат дополнително наслаги и пополека се уништува потпорниот апарат на забот. Забниот камен се чисти професионално од страна на стоматолог. Методот е едноставен, безболен и доволна е само една посета, двапати во годината.
Главните причини за појава на забен камен се пушењето и прекумерната консумација на кафе. Забниот камен е чест проблем во денешницата, кој се јавува кога забната наслага што ги напаѓа забите не се отстранува со четка за заби или забен конец. Ви донесуваме едноставен рецепт како да се ослободите од него и да имате здрави заби:
Потребни состојки: 1 лажица паста за заби, 2 лажици сода бикарбона, 2 лажици минерална вода, 1 лажица вода.
Подготовка: Измешајте ги сите состојки. Нанесете ја смесата рамномерно на четката. Користете и четкајте исто како паста за заби околу 4 минути. Повторувајте ја постапката еднаш неделно и ќе можете да го отстраните забниот камен и да го подобрите здравјето на забите.
Проблемите со кариесот можете да ги решите со користење на едно од најздравите масла, а тоа е кокосово масло. Здравјето на забите е многу важно, бидејќи ако забите не се здрави, целиот организам не е здрав.
Секој од нас, се разбира, сака да има што е можно поубави заби. Сепак, поради тоа, ние често сме склони да веруваме во рекламите и да купуваме разни хемиски производи кои можат да бидат многу штетни за нашето здравје.
Проблемите со кариесот можете да ги решите со користење на едно од најздравите масла, а тоа е кокосово масло. Нема калории, туку има антибактериско и антиканцерогено дејство и затоа се препорачува за третман на многу болести. Покрај тоа, тој е природен и здрав начин за избелување на забите. Кокосовото масло ќе ви помогне да се ослободите и да го спречите кариесот.
Сè што треба да направите е да земете 2 лажици од ова масло, да го држите во устата додека не ги исплакнете непцата и забите целосно. Потоа исплакнете ја устата. Ќе забележите значително подобрување по неколку користења.
Исто така, со цел вашите заби да останат здрави што е можно подолго, треба да консумирате многу витамини, храна богата со растителни влакна како овошје, ореви и зеленчук. За да имате здрави заби, јадете јаболка, банани, бриселски зелки (прокељ) и грашок.
Јадете житарици. Тие содржат многу витамини од групата Б и железо. Покрај тоа, житариците содржат магнезиум, минерал кој помага да се апсорбира калциумот и да се зајакнат забите. Јадете храна богата со витамин Д.
Сода бикарбона
Ставете малку паста за заби на четката и натопете ја во сода бикарбона. Тријте ги забите полека и темелно најмалку две минути, а потоа исплакнете ги со вода. Потоа, измијте ги забите само со паста за заби. Повторете ја оваа постапка двапати месечно.
Јагоди
Јагодите се овошје кое со години се користат за нега и избелување на забите. Тие содржат овошна киселина, која е природно средство за белеење на забите. Јагодата изгмечете ја со виљушка и нанесете ја на четката и со неа истријте ги забите. Потоа измијте ги со паста.
Банана
Масирајте ги забите и непцата со внатрешниот дел од кората од банана најмалку две минути, а потоа измијте ги забите со паста за заби. Ќе забележите неверојатни резултати многу брзо. Состојките од кората ќе ги отстранат дамките од забите, предизвикани од храна и пијалоци.
Оревова лушпа и вода
Потребни ви се 30 г оревова лушпа и вода. Смесата се вари 15 минути на тивок оган. Потоа во неа потопете ја четката за заби и започнете да ги триете забите околу пет минути. Повторувајте ја постапката во текот на една недела, трипати дневно.
Суров бел сончоглед и цвет од липа
Сварете 4 лажици суров бел сончоглед, 4 лажици цвет од липа во еден литар вода. Потребно е смесата да се вари половина час на средна температура, а со добиениот раствор четкајте ги забите после секој оброк.
Јаболков оцет
Еднаш неделно четкајте ги забите со четка натопена во јаболков оцет, по што веднаш исплакнете ја усната шуплина. Имајте на ум дека овој метод е многу агресивен и можете да ги иритирате нежните непца, ако методот го применувате многу често.
За да не се соочите со несакани последици од забниот камен, ве советуваме за редовна и правилна орална хигиена на забите како и редовни посети и контроли на стоматолог. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.