Рецептот ни доаѓа од попyларниот готвач Тони од Германија. Оваа убава торта има толку многу добар вкус, што сите кога ќе ја пробаат веднаш го бараат рецептот. Она што е перфектно кај оваа торта, е нејзината едноставност и брзината со која се приготвува. Постојат различни „Ресана“ торта, а оваа може да се јаде веднаш штом се испече и прелие со глазурата. Постапката за приготвување е ласна како пердув.
Доволно е да имате 5 минути од вашето време, зошто толку време е потребно за да се изматат потребните состојки за оваа торта. Овој рецепт е совршен кога немате многу време за во кујна или кога ќе ви дојдат ненајавени гости, па можете набрзина да го приготвите додека пиете кафе. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 225 г шеќер, 270 мл млеко, 450 г брашно, 8 г ванилин шеќер (1 кесичка), 1,5 лажичка прашок за печиво (речиси една кесичка), 300 г јафа/ресана колачи со полнење од портокал. ЗА ГЛАЗУРА: 200 г чоколадо, 200 мл слатка павлака.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете пет јајца и додајте 225 г шеќер. Изматете пенасто со жица-маталка додека да се растопи шеќерот и јајцата да згуснат и малку да побелат. Може да користите и миксер.

![]()
![]()
![]()
![]()

Во смесата додајте 270 мл млеко, па повторно промешајте за да се изедначи. Јајцата и млекото треба да бидат на иста собна температура. Во течните состојки додајте 450 г брашно и 1,5 лажичка прашок за печиво.

![]()
![]()
![]()
![]()
Сувите, прашкасти состојки секогаш е најдобро да се просејат, бидејќи на тој начин бисквитот станува понежен и повоздушест. Додајте и една кесичка ванилин шеќер па полека промешајте со жица-маталка.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога убаво ќе ги соедините сите состојки, треба да добиете мазна и компактна смеса без грутчиња. Земете еден плех со средна големина и обложете го со хартија за печење. На дното наредете ги колачињата со полнењето да бидат свртени нагоре.

![]()
![]()
![]()
![]()
Одозгора рамномерно излејте го приготвеното тесто за бисквит, пополнете ги сите празнини, малку протресете го и потчукнете го калапот, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 минути околу 35-40 минути.

ЗА ГЛАЗУРА: Чоколадото искршете го на коцки па додајте го во слатка павлака и ставете да се загрева на тивок оган. Мешајте постојано додека чоколадото целосно да се растопи и да добиете убава глазура. Павлаката не смее да зоврие зошто ќе го промени вкусот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Печениот колач оставете малку да подизлади, па прелијте го со топлата чоколадна глазура. Оставете да се олади половина час во фрижидер, а потоа можете да го сечете и послужите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.












