Овој народен рецепт е познат одамна. Посебен ефект има врз успорената работа на цревата, подуеноста и гасовите во цревата.
Кога организмот е во добра состојба, тоа се одразува врз состојбата на кожата.
Саниот морков има големи позитивни ефекти за органзимот, благодарение на влакната, витаминот А и бета каротенот со кој обилува, а кога ќе го помешате со уште неколку состојки, добивате вистински мевлем за стомакот.
Овој лек е познат одамна, а нашите предци го користеле кога имале проблем со цревата и за да ја вратат свежината на кожата. Посебен ефект има врз успорената работа на цревата, подуеноста и гасовите во цревата. Овој лек успешно ќе го реши проблемот и со запекот.
Ова е основниот рецепт кој се консумира наместо појадок, а во продолжение прочитајте го рецептот за мешавината од морков и суво овошје.
Потребни состојки:
3 поголеми моркови
1 лажичка мед
1 прстофат мелен црн пипер
1 лажичка маслиново масло
постапка:
изрендајте го морковот во еден сад и додадете ги останатите состојки. Мешајте додека да се соедини и лекот е подготвен за употреба.
Се препорачува оваа мешавина да се јаде наместо појадок, а потребно е да се консумира половина час после бидење.
После 10 дена редовна примена, ќе забележите подобрување и чувство на леснотија во стомакот.
Потребни состојки:
3 поголеми моркови
10-15 суви смокви
10-15 суви сливи
100-150 г ореви
200 мл мед
Постапка:
Моктовите излупете ги и изрендајте ги, сувото овошје исечкајте го, а исто така и оревите.
Сите состојки измешајте ги во еден сад и прелијте ги со мед. Измешајте добро, а потоа смесата складирајте ја во стаклена тегла и чувајте во фрижидер.
Употреба: По една супена лажица наутро и навечер.
Смесата е одлична за цревата, за зголемување на имунитетот, зајакнување на коските и подобрување на видот, косата и кожата.