Рендам јаболка, истурам и печам…Најлесниот вкусен јаболков колач…
ИЗМАТИ И ИЗЛЕЈ ПРЕКУ ЈАБОЛКАТА…БРЗ КОЛАЧ: Десерт по кој сите лудуваат! Ролат со јаболка. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Тесто:
3 јајца
120 г шеќер
120 г брашно
1 лажиче прашок за печиво
ФИЛ:
4 јаболка
цимет или ванилин шеќер по вкус
ПОСТАПКА:
Изрендајте ги јаболката, помешајте ги со цимет и ванилин шеќер по вкус, па распоредете ги во плех обложен со хартија. Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека да добиете крем. Додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и бавно промешајте со жица додека да се изедначи.
Сипете врз јаболката и печете 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Откако ќе подизлади отстранете ја хартијата и свиткајте во ролат. Оставете свиткано да се стегне, најдобро во фрижидер неколку часа, па сечете и послужете.
РЕЦЕПТ 2- ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Фил:
6 големи јаболка
5-6 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
50 г ореви
1 лажичка цимет
За бисквит:
3 јајца
70-100 г шеќер (во зависност од вкусот)
150 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
80 мл млеко
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:
ИЗМАТИ И ИЗЛЕЈ ПРЕКУ ЈАБОЛКАТА… БРЗ КОЛАЧ: Десерт по кој сите лyдуваат!
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.