Реформ-колачот но овојпат во изменето издание, па поради тоа и овој назив. Секој рецепт треба да се прилагоди според домаќинката и нејзините вкусови и вкусот на домашните. Па така и овој рецепт беше едноставно реформиран.

 

Потребни состојки:

6 јајца

6 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

300 грама мелени ореви

Малку сол

4 лажици брашно

1 прашок за печиво

100 г чоколадо

125 грама путер

3 лажици шеќер во прав

Слатка павлака за шлаг

 

ПОСТАПКА:

1.Од белките изматете цврст снег.

2.Додадете прстофат сол и шеќер, ванилин шеќер, брашно и прашок за печиво.

3.Мешајќи со лажица додадете ги оревите.

4.Печете на 180 степени 15-тина минути на големиот плех од рерната.

5.Испечената кора пресечете ја на два дела.

 

ЗА КРЕМ:

1.Жолчките и шеќерот изматете ги пенасто.

2.На пареа гответе околу 5 минути па потоа додадете го чоколадото.

3.Изматете го путерот па додадете го во изладената смеса.

 

РЕДЕЊЕ НА ТОРТАТА:

1.Редете кора, па крем, па кора.

2.Преку последната кора ставете шлаг изматен од слатка павлака.