Оваа редена салата е многу популарна во целиот свет, особено овој период, во пресрет на новогодишните празници. Салатата се реди во неколку слоеви како торта, а интересно е тоа што можете да ја правите на два начина, кои може да ги прочитате подолу во постапката.




Салатата направете ја во форма на елка, односно во триаголник кој кога ќе се наредат состојките заличува на елка. Толку многу е заситна, што покрај оваа салата, не треба да послужувате многу намирници на трпезата. Еве што ви е потребно за да ја направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 батаци, 2-3 варени моркови, 3 варени јајца, 70 г тврд кашкавал по ваш вкус, 1 јаболко/1 компир, 3 киви/2 краставици, малку свеж копар. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ ЌЕ ВИ ТРЕБА: 150 мл масло, 1 јајце, 1/2 лажиче сол, 1 лажица шеќер, 1/4 лажиче црн пипер.




ПОСТАПКА: Она што е интересно за оваа салата е тоа што може да ја подготвувате на два начина. Првиот начин е да ја правите солена, во комбинација со јаболка и киви за освежување, но ако не сте склони на експериментирање, состојките може да ги замените со 1 компир и 2 краставици.




Сварете ги батаците во вода со малку сол, па кога ќе омекнат, извадете ги и исечете ги на многу ситни парчиња. Морковите нема потреба да ги варите, само излупете ги и изрендајте ги. Јајцата сварете ги околу 6-7 минути, па изрендајте ги, кога малку ќе се изладат.




Компирот сварете го, излупете го, па кога ќе се излади, изрендајте го на најкрупната страна од рендето. Краставиците излупете ги, па исечете ги на тенки кругови, а копарот исечете го на помали гранчиња, тој ќе биде потребен за декорирање на салатата, да има повпечатлив изглед на елката.




ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: Во една чаша ставете го маслото, јајцето, солта, шеќерот и црниот пипер. Со рачен блендер соединете ги состојките, додека да добиете смеса како мајонез. Ако ви е полесно, користете, готов, купечки мајонез. Потоа, започнете со редење на салатата:




Во една чинија, започнете со редење на состојките. Најпрво на рамната површина на чинијата распоредете го пилешкото месо и формирајте триаголник. Ставете го мајонезот во кеса која ќе ја пресечете на врвот, како готварски шприц. Филувајте одозгора врз месото, да биде сочно, па наредете го морковот. Повторно премачкајте со мајонез.




Ставете го ренданото јајце, повторно мајонез, па компирот. Премачкајте со мајонез, наредете го ренданиот кашкавал, па ставете уште малку мајонез. Одозгора декорирајте ја тортата со тенки кругови од краставички/киви, кои на половина ќе се преклопуваат со друга краставичка/кива одозгора, за повеќе да наликуваат на елка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.