РЕЦЕПТ ЗА НАЈВКУСНА ЛИМОНАДА…Ако имате 1 лимон и 2 портокали, не пропуштајте го овој рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 портокали
1 лимон
1 чаша шеќер
1.5-2 литри вода
1 лажичка лимонтус по желба
ПОСТАПКА:
1.Од лимонот и портокалите отстранете ги краевите, а потоа исечете ги на коцки (отстранете ги семките), ставете ги во кеса и оставете ги во замрзнувач.
2.Ако сте подготвиле претходно вакви кесички, извадете една и оставете ја на собна температура 10-тина минути. Овошјето не треба целосно да биде одмрзнато, туку само малку омекнато за да не го оштети блендерот.
3.Ставете половина од овошјето во блендер, сипете половина од шеќерот и малку вода на собна температура. Сомелете го овошјето да нема крупни парчиња. Повторете ја постапката додека да го потрошите сиот материјал.
4.Сипете 1,5 литри вода и мешајте додека целосно да се растопи шеќерот. По желба можете да додадете уште малку шеќер и уште малку вода.
5.Потоа процедете го сокот низ цедалка.
Доколку сакате сокот целосно да биде бистар без остатоци од пулпата, тогаш уште еднаш процедете го низ густа газа.
6.По желба кој сака може да додаде и неколку прстофати лимонтус. Вашата лимонада е спремна за послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.