Рецепт за еден од најубавите колачи што баба ми го запишала уште од 1960 година…Сите состојки ги имаме в кујна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 белки
100 г маргарин или путер (собна температура)
100 г шеќер
100 г мелени ореви
100 г брашно (тип 500)
1 лажичка прашок за печиво
За фил 1:
5 жолчки
100 г шеќер
За фил 2:
100 г мелени ореви
100 г шеќер
4-5 коцки чоколадо (80 г)
50 мл млеко
ПОСТАПКА:
Белките изматете ги во цврст снег. Во подлабок сад сипете шеќер, мек путер, ореви, брашно и прашок за печиво, додајте го снегот од белки и соединете со миксер.
Смесата сипете ја во плех 20х30 см обложен со хартија. Печете во добро загреана рерна на 180 степени, 10 минути.
Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот, па кога ќе станат кремасти излејте ги врз бисквитот и вратете го колачот да се суши во рерната која сте ја намалиле на 100 степени, уште 35 минути.
На ниска температура растопете ги сите состојки за фил 2 и смесата распоредете ја врз печениот колач. Одозгора посипете мелени ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ.