Home Десерти Рецепт за домашен еурокрем кој се прави за 10 минути…

Рецепт за домашен еурокрем кој се прави за 10 минути…

Рецепт за домашен еурокрем кој се прави за 10 минути…Еве што ви е потребно за овој вкусен домашен намаз:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл млеко
100 г шеќер во прав
1 лажица есенција од ванила или 2 кесички ванилин шеќер
200 г путер
250 г млеко во прав
100 г бело чоколадо
100 г црно чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере помешајте млеко, шеќер и путер, па растопете на ниска температура. Сипете ванила и млеко во прав, па промешајте со жица за да добиете мазна кремаста смеса. Веднаш поделете ја два дела.

2.Во едната сипете бело чоколадо искршено на коцки, а во другата црно. Промешајте да се растопат и соединат. Додека се течни истовремено сипете ги во тегла. Оставете да се олади и стегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ.