Рецепт за 5 минути…Најмекиот колач во светот, се топи во уста…Еве што ви е потребно за да го подготвите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г шеќер
ситно рендана кора од лимон
3 јајца
120 мл масло
50 мл лимонов сок
100 мл млеко
250 г брашно
15 г прашок за печиво
џем од јагоди (или овошје)

ПОСТАПКА:

1.Шеќерот помешајте го со ситно рендана кора од лимон, па додајте ги јајцата и пенасто изматете. Потоа додајте го маслото, лимоновиот сок и млекото, па промешајте.

На крај додајте го брашното помешано со прашок за печиво и убаво измешајте за да нема грутчиња.

2.Смесата сипете ја во намастен и набрашнета калап 28х19 см а одозгора со лажичка распоредете џем од јагоди (20-тина лажички).

3.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Оставете да се олади, па премачкјате ја со џем од јагоди и посипете ја со кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/x_mNvqNbIO4?si=kqESWJsxVVHwlKVv