РЕЦЕПТ ЗА 1 МИНУТА…Овој десерт ќе го правите секој ден, од само 3 состојки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г засладена слатка павлака (хопла),
2 супени лажици нутела (или лешников крем по ваш избор),
300 г тенки наполитанки со вкус на чоколадо и лешник

ПОСТАПКА:

1.Ладната слатка павлака изматете ја пенасто во шлаг, а потоа додајте нутела и матете уште 1 минута додека да се соедини.

2.Калап 21х11 см обложете го со стреч фолија, па на доното нанесете еден слој (1/4) од кремот. Наредете наполитанки и продолжете со редењето додека да го потрошите материјалот.

3.Завршете со крем, покријте со проѕирна фолија и оставете го колачот 2 часа во во замрзнувач. Декорирајте по желба и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.