Рецепт стар 73 години…ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ СО ЛУК И ПРЕЛИВ…За 15 минути…Прсти да излижеш…Еве што ви е потребно за оваа вкусна салата од пиперки:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

15-тина пиперки
За прелив:
1 главуца лук, ситно сечкан
100 мл масло
1/2 лажица оцет
1 рака магдонос, ситно сечкан
по 1/2 мала лажичка сол за секоја пиперка

ПОСТАПКА:

1.Рерната вклучете ја да се загрева на 15 минути, а за тоа време пиперките исчистете ги од дршките и семето, па наполнете ги со малку сол. Наредете ги во тепсија и печете ги 15-тина минути колку да омекнат.

2.Во ситно сечканиот лук додајте оцет, магдонос и масло и промешајте. Пиперките редете ги во стаклен сад, а секој ред посипувајте го со преливот.

3.Ако салатата не ја консумирате веднаш, пиперките складирајте ги во тегла и направете пастеризација (како се прави пастеризација прочитајте ОВДЕ). Природно ферментирани пиперки можете да направите на следниот начин:

Испечете ги пиперките сосе дршки и оставете ги во кеса до следниот ден. Потоа излупете ги, загрејте масло и секоја пиперка потопувајте ја кратко во врелото масло и полнете ги теглите.

На секој слој пиперки посипувајте малку сол. Теглата треба да остане 3 прста празна. Вака оставете ги неколку часа или до следниот ден, а потоа дополнете со оцет и затворете ги теглите.