Многу вкусна и сочна!

Потребни состојки:

За тесто:

10 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици брашно
10 лажици гриз
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер

За шербет:

800 мл вода
800 мл шеќер
1 ванилин шеќер
½ лимон исечен на тркалца

Постапка:

Јајцата, шеќерот и ванилин шеќерот добро изматете ги со миксер додека јајцата да станат пенасти (не треба да се одвојуваат белките од жолчките).

Потоа полека додавајте брашно помешано со гриз и прашок за печиво, лесно измешајте па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех. Печете околу 30 минути на 200 степени.

Оставете тестото целосно да излади па прелијте го со млак шербет (никако со врел), па оставете да отстои малку на собна температура, а потоа префрлете во фрижидер добро да излади.

За шербет: водата и шеќерот ставете ги на оган. Нека се вари околу половина час, па потоа додадете ванилин шеќер и сечен половина лимон. Шербетот оставете да излади па прелијте го преку ладниот колач.

По желба украсете со парчиња лимон или кокос.