Потребни состојки:
550 г брашно + малку за премесување
200 мл вода
200 мл млеко
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
10 г свеж квасец
100 мл масло
за премачкување одозгора:
½ чаша од 200 мл – брашно и густин заедно
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
10 г свеж квасец
Постапка:
Издробете го квасецот и додадете лажичка шеќер и вода, млако млеко, масло, па постепено додавајте брашно и матете со жица. Додадете го преостанатото брашно и продолжете да месите со рака. На крај мекото тестот префрлете го на набрашнета работна површина и убаво измесете го да биде средно меко. Ставете го во намастен сад и оставете го околу половина час да надојде.
Потоа уште еднаш малку премесете го и од него сечете и вадете мали топчиња (околу 9-10).
Формирајте ги убаво и наредете ги во плех обложен со хартија, па со рака нежно притиснете ги.
Сите состојки за премачкување изматете ги убаво да се соединат, а потоа обилно премачкајте ги погачиците.
Погачиците се печат 20-25 минути на 200 степени, во зависност од рерната. Кога ќе распукаат убаво и ќе заруменат – готови се. Додека се топли премачкајте ги со путер.
Сите детали се објаснети во видеото: