Жалфијата е исклучителна билка, добра е за инфекции на грлото и дишните патишта, но и за разни инфекции во устата. Одлична е за стомачни и цревни проблеми.

Жалфијата помага при висока телесна температура, болки во телото и треска кои се појавуваат пред настинка. Искуствата покажуваат дека циметот уништува голем број бактерии, па дури некои кои се отпорни на антибиотици.

Ракија од жалфија:

Во 1,5 литри чиста домашна ракија треба да потопите 250 грама листови жалфија. Оставете така да отстои 3 недели, па процедете и додајте 1,5 килограм багремов мед. Сладирајте во стаклени шишиња и оставете да отстои уште 3 недели пред употребата.

Протресувајте повремено. Се пие секој ден по една мала лажичка, еднаш дневно. Имајте предвид дека ова е исклучително здрав и добар рецепт за целото семејство. На три недели правете пауза по една недела.

pixabay.com

Тинктура за превенција на болести:

Сипете 20 грама млади иситнети листови од жалфија во децилитар 70% етил алкохол (од аптека). Нека остане вака на топло место еден месец. Употреба: ставете 15-тина капки во малку вода и пијте 3 пати на ден. Децата и бремените жени не треба да го користат ова.

Жалфија и цимет против бронхитис:

Растопете две лажици шеќер и кога ќе се карамелизира прелијте го со половина литар млеко. Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додајте една лажичка ситна жалфија и половина лажичка цимет во прав. Оставете го така да отстои десетина минути, па процедете го и пијте го трипати дневно на еднакво растојание.

Направете сируп од жалфија против кашлица и настинки за деца и возрасни

Кашлицата кај децата, но и кај возрасните, може да биде многу упорна и досадна и да трае многу долго. Кога се децата во прашање, главно купуваме сирупи на билна база, но најдобро е да ги приготвиме сами, со претходна консултација на лекарот.

Станува збор за сируп од лековитата жалфија кој е многу ефикасен при лекувањето на настинки и грип.

Како се прави овој сируп?

1.Сварете чај од 40 грама жалфија и 600 мл вода.

2.Оставете поклопено неколку минути, па процедете.

3.После тоа, на тивок оган истопете 300 г шеќер.

4.Полека истурете го чајот во карамелот и мешајте со дрвена лажица додека шеќерот сосем да се растопи.

5.Оставете сирупот да се излади.

6.Преточете го во стаклен сад и чувајте во фрижидер.

Се пие растворено во млак чај или млеко (по 1-2 супени лажица во една чаша напиток).

Може да го приготвите и според следниот рецепт:

Потребни состојки: 200 мл мед, 2 супени лажици лимонов сок, 1 полна лажица сува жалфија

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад со капак. Садот ставете го врз друг, поголем, исполнет со зовриена вода. Оставете горната смеса добро да се загрее на пареата.

Кога ќе биде загреана, тргнете го садот од огнот (од водената пареа) и завиткајте го садот во ќебе, или оставете го на топло да отстои уште 20-тина минути. Процедете ја содржината и складирајте ја во чиста стаклена тегла или шише.

Употреба: за деца по една мала лажичка 3-4 пати дневно. За возрасни по една супена лажица, 3-4 пати дневно. Сирупот можете да го чувате во фрижидер неколку месеци.

Овој сируп не само што ја ублажува упорната кашлица, туку помага и при болно грло, бидејќи жалфијата во неговиот состав поседува антибактериски својства и делува како антипиретик.