-Одбил операција, а после зрачењето без терапија полни пет години користи лек за кој случајно дознал од медиуми и вели дека се чувствува добро и дека речиси 100% е здрав. Подолу погледнете го видеото.
Активистите на здружението „Akcija građana“ од Зеница објавиле видео од човек кој сведочи дека со природен лек го излекувал ракот од левото белодробно крило со величина од 5 центиметри. Како што на повеќето им е познато, овој карцином е еден од најсмртоносните.
Неговата порака е кратка и јасна: НЕ ГУБЕТЕ НАДЕЖ!
„Секогаш се надевав на оздравување и Бог ми ги услиши молитвите“, вели овој позитивен човек. Сокот кој го користел е од билката Нони. Таа содржи околу 160 природни растителни соединенија, т.н. фитохемикалии, од кои голем број се’ уште не и се познати на науката. Меѓу нив има антиоксиданти, гликозиди, органски киселини, терпени и алкалоиди.
Голем број од тие соединенија имаат природни антибактериски својства и оневозможуваат развој на бактерии, вклучително и на оние кои предизвикуваат туберколоза и салмонелоза.
Сокот од нониевите бобинки содржи јаглени хидрати, фруктоза и глукоза, како и белковини. Богат е со витамините Ц и Е, Б како и бета – каротен. Од минерали, нони сокот содржи калциум, магнезиум, фосфор, железо, манган и претставува многу добар извор на калиум.
Лековитото делување на нони
Нони одамна се користи во бројни култури ширум светот. Денес, многу лекари ширум светот, на своите пациенти кои боледуваат од тешки болести им препорачуваат нони како додаток на исхраната бидејќи докажано го јакне имунитетот и ја подобрува општата состојба на организмот.
Состојките во нони имаат антиканцерогени својства и можат да поттикнат подобра работа на имуниот систем. Научниците откриле дека материите присутни во ова растение го спречуваат растот на канцерогените клетки одгледувани во лабораториски услови.
Една друга студија заклучила дека антитуморската активност на нониевиот сок е последица од подобрување на функционирањето на имуниот систем по консумацијата на сокот.
Кај пацинетите кои се лекуваат со хемотерапија, нони им се советува како природна терапија за јакнење на организмот.
Во неколку студии нониевиот сок ја подобрува крвната слика на болните кои го консумирале после хемотерапија.