Многу едноставна постапка!
Потребни состојки: 500 мл млеко, 10 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 4 лажици густин – пченкарен скроб, 130 г путер/маргарин, 250 г кокос + 50 г за валкање на топчињата. Лешници, бадеми или друго јаткасто овошје, по еден плод за топче, а може да бидат и празни
Постапка: од млекото одземете 50-100 мл за разматување на густинот, а остатокот ставете го на оган да зоврие заедно со ванилин шеќерот и шеќерот.
Густинот убаво разматете го да нема грутчиња и сварете го во млекото исто како пудинг.
Во сварениот крем додадете путер и кокос, па од добиената смеса формирајте топчиња.
Во секое топче ставете по еден лешник, по желба, но подеднакво се вкусни и празни.
Потоа топчињата валкајте ги во кокос.
Деталите погледнете ги во видеото: