Потребни состојки:

200 г путер/маргарин

100 г шеќер

1 ванилин шеќер

1 јајце

200 мл јогурт

1 прстофат сол

500 г брашно

50 г кокос

1 прашок за печиво

за фил:

600 мл млеко

5 лажици шеќер

2 пудинг од ванила

100 г кокос

за наросување:

шеќер во прав

1 ванилин шеќер

Постапка:

Изматете го путерот со шеќер и ванилин шеќер, додадете едно јајце, па добро изматете.

Додадете јогурт, сол, кокос, брашно и прашок за печиво. Замесете тесто и обликувајте топка која ќе ја оставите да одмора 30 минути.

За тоа време направете го филот: во еден сад ставете 500 мл млеко и 5 лажици шеќер да се готват.

Посебно изматете 2 пудинзи од ванила со 100 мл млеко, додадете во врелото млеко и мешајте постојано додека да згусне.

Потоа додадете 100 г кокос, добро промешајте и тргнете целосно од оган.

Отстојаното тесто поделете го на 3 дела, секој дел развлечете го во кора 24х30 см, премачкајте со топлиот фил и свиткајте во ролат.

Штрудлите редете ги во калап претходно обложен со хартија и печете на 170 степени околу 30 минути.

Печените штрудли наросете ги со шеќер во прав и ванилин шеќер, добро изладете и сечете.