РАФАЕЛО КОЛАЧ ЗА 10 МИНУТИ ОД 3 СОСТОЈКИ: Многу евтин и практичен рецепт…Се приготвува од состојки кои веќе ги имате в кујна, а за љубителите на кокосот, ова е полн погодок! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 литар млеко
5 полни до врв супени лажици скроб/нишесте/густин
1 чаша (од 200 мл) шеќер или по вкус, може помалку
кокос за валање
мелен лешник или чоколадни трошки за декорација
ПОСТАПКА:
1.Во тенџере сипете шеќер и скроб, па постепено додајте го млекото и мешајте додека сето да се раствори и да нема грутчиња.
2.Тенџерето ставете го на оган и загревајте на умерена температура со повремено промешување.
3.Штом забележите дека млекото зоврива, мешајте поенергично во следните 1-2 минути или додека убаво да згусне.
4.Смесата сипете ја во калап за торти со флаксибилен обрач, претходно навлажнет со ладна вода или обложен со пластична фолија.
5.Оставете да се олади и да се стврдне, прво на собна температура, а потоа и во фрижидер.
6.Внимателно отстранете го обрачот и исечете го на триаголници (ако користите правоаголен калап, тогаш сечете на коцки). Пред секој нов засек ножот натопувајте го во ладна вода.
7.Секое парче извалкајте го обилно во кокос и декорирајте го со мелен или сечкан лешник/чоколадни трошки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.