Потребни состојки:

40 г свеж квасец

3 јајца

400 мл млако млеко

50 мл масло

700-800 г брашно

Сол

1 лажица шеќер

100 г путер

150 г фета за мачкање или крем сирење

Постапка:

Во малку млеко потопете го квасецот, додадете шеќер, 2 јајца и остатокот од млекото со млаку брашно и сол. Потоа со постепено додавање на брашно се замесува средно тврдо и мазно тесто.

Оставете да одмори половина час.

Исукајте кора со дебелина од половина см, па прво премачкајте го со путер, а преку него со сирењето во кое претходно сте додале една белка од јајце.

Свиткајте во ролна. Сечете ролати и редете ги во подмачкан плех, еден до друг.

Оставете ја погачата да порасне, па премачкајте ја со жолчка и поросете со семки и крупна сол по желба.

Печете на 180 степени околу 45 минути. Погачата е многу мека, мирисна, а тестото е како морска пена. Уживајте…!