Путер од рузмарин за ЕКСТРЕМЕН РАСТ НА КОСАТА Расте погуста и подолга коса…

Со стимулирачките својства на рузмаринот и хранливите својства на каранфилчето, овој путер за коса го поттикнува растот, ги зајакнува прамените и ја прави вашата коса неодоливо здрава и убава!

Косата расте како луда и не опаѓа…Ја остава вашата коса свиленкаста мека… Рузмаринот се користел уште од античко време како стимуланс за раст на косата.

Каранфилчето ја стимулира циркулацијата на крвта во скалпот. Шеа путерот исто така ја штити косата од кршење или „цветање“. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4-5 свежи гранчиња рузмарин, мелено
3 лажици каранфилче, мелено
80 мл маслиново масло
80 мл кокосово масло
4 лажици шеа путер

И уште:
1 лажица рицинусово масло.
1 лажичка масло од семки од грозје.
6-7 капки масло од лаванда

ПОСТАПКА:

Во чиста стаклена тегла помешате рузмарин, каранфилче, маслиново и кокосово масло. Ставете да се загрева во водена бања 40 минути, па оставете да се излади целосно. Процедете низ сито и медицинска газа и оставете настрана.

Шеа путерот растопете го на пареа и додајте го во процеденото масло. Оставете да отстои во фрижидер 40 минути, па потоа изматете го со рачен блендер.

Во смесата додајте рицинусово масло, масло од семки од грозје и 6-7 капки масло од лаванда. промешајте добро за сето да се соедини и изедначи.

Во зависност од состојбата на вашата коса, можете да комбинирате различни масла. Ова масло не само што ја храни вашата коса, туку и неверојатно мириса

УПОТРЕБА: Нанесете на скалпот и по целата должина на косата. Се нанесува навечер и се остава да делува преку цела ноќ.

Се користи 1-2 пати неделно. Ако вашата коса е сува, тогаш не ја одмивајте, а доколку е мрсна, исперете ја наутро со вашиот шампон, најдобро од коприва или бреза. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/UTHjGIMjzcg?si=IIPcxf7JlgdwRuE1