Овој путер крем може да се комбинира со малини, чоколадо и мелени бисквити – едноставно е непогрешив. А кога тортата не се пече се приготвува за 20 минути – тоа е добитна комбинација!
Потребни состојки:
125 г путер
200 г шеќер во прав
3 лажици млеко
Постапка:
Наместо путер можете да користите и маргарин, но путерот е многу поздрава и повкусна варијанта. Извадете го од фрижидерот и оставете го да омекне на собна температура.
Потоа изматете го пенасто си миксер, па додадете го шеќерот во прав и уште еднаш убаво измиксајте. Пред крајот додадете го млекото и уште еднаш изматете за убаво да се соедини.
Овој путер-крем најчесто се користи за финиширање на тортата, но во него може да се додаваат разни додатоци и да се користи како фил.
Пред да ја обложите тортата со фондан, премачкајте ја со овој путер крем или украсете го десертот само со него, ќе изгледа прекрасно.
https://www.instagram.com/p/BrVmPHOA8uA/?utm_source=ig_embed